Gizem Nisa Çebi Demir
10 Август 2026•Ажурирано: 10 Август 2026
Американскиот демократски сенатор Крис Марфи вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп ја „загубил оваа војна“ со Иран, оценувајќи дека продолжувањето на борбите ги ослабува САД, а го зајакнува Техеран, јавува Анадолу.
„Америка е послаба. Иран е посилен“, изјави Марфи за телевизијата Ен-би-си, додавајќи дека би поддржал дури и „лош договор“, со цел да се стави крај на војната и повторно да се отвори Ормускиот Теснец.
Тој рече дека се зголемува цената за повторно отворање на стратегискиот воден пат, а преговорите се блокирани.
Според „Вашингтон тајмс“, иранските претставници бараат компензација, укинување на санкциите и прекинување на американските воени операции.
„Војната мора да заврши бидејќи секој ден кога продолжува војната, Америка станува послаба, Иран станува посилен, а луѓето овде, во САД, се најпогодени бидејќи цените постојано растат“, рече Марфи.
Марфи истакна дека би се спротивставил на финансирањето на продолжувањето на војната, но би поддржал обновување на резервите на американската муниција по завршувањето на конфликтот.