Ethem Emre Özcan
06 Август 2026•Ажурирано: 06 Август 2026
Осум лица се повредени во израелските воздушни напади и артилериско гранатирање извршени во текот на ноќта врз населени места во јужниот либански округ Тир и покрај важечкиот прекин на огнот и тековните преговори меѓу Бејрут и Тел Авив, јавува Анадолу.
Според либанската државна новинска агенција ННА, израелски беспилотни летала извршиле три воздушни напади врз населбата Ал-Малааб во градот Бурџ ал-Шамали, околу пет километри од Тир, по што израелски борбени авиони го погодиле ова подрачје и во четврти напад.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападите врз Бурџ ал-Шамали се повредени осум лица.
Израелската авијација, исто така, извршила три воздушни напади врз подрачјето меѓу населените места Мансури и Маџдал Зун во округот Тир.
Во исто време Мансури бил изложен на артилериски и тенковски оган.
Нападите се случија додека во италијанската престолнина Рим продолжуваше седмата рунда преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, а израелската армија во текот на ноќта ги засили своите воени операции во Јужен Либан.
Според најновите податоци на либанското Министерство за здравство, од 2 март досега во израелските напади загинале 4.333 лица.