Burç Eruygur
24 Ноември 2026•Ажурирано: 24 Ноември 2026
Русија денес ја лансираше ракетата „Сојуз-2.1б“ со товарното вселенско летало „Прогрес МС-36“ кон Меѓународната вселенска станица (МВС), јавува Анадолу.
Ракетата полета во 10:17 часот по Гринич од космодромот Бајконур во Казахстан, со кој управува Русија.
Руската вселенска агенција „Роскосмос“ соопшти дека леталото ќе испорача повеќе од 2,4 тони товар за екипажот на станицата, вклучително гориво, резерви и опрема за научни експерименти. Меѓу товарот има и хуманоиден робот.
Се очекува леталото да се спои со станицата во четврток.