Gorana Jakovljevic
14 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
ПАРИЗ (АА) - Тони ѓубре се натрупаа на улиците на Париз, главниот град на Франција, поради штрајкот на комуналните работници против планот на Владата за реформи во пензискиот систем, известува Анадолу.
Се проценува дека на улиците на Париз се натрупани околу 6.000 тони ѓубре, како и дека ќе дојде до дополнително натрупување поради продолжувањето на штрајкот.
Поради ѓубрето и неисчистените улици, луѓето во најважната туристичка дестинација во Франција се жалат на смрдеа и можно ширење болести.