Kanyshai Butun
10 Август 2026•Ажурирано: 10 Август 2026
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и литванскиот премиер Миндаугас Синкевичиус телефонски разговараа за енергетската соработка, трговијата и билатералните односи, јавува Анадолу.
Според Претседателството на Азербејџан, Алиев и Синкевичиус изразиле задоволство од позитивната динамика во билатералните односи во последните години.
Тие разговарале и за односите меѓу Азербејџан и Европската Унија, при што истакнале дека неодамнешните контакти на високо ниво придонеле за продлабочување на соработката. Во тој контекст била нагласена и континуираната поддршка на Литванија за соработката на Азербејџан со Унијата.
Двајцата соговорници размениле мислења и за актуелната меѓународна ситуација.