Amir Latif Arain
23 Декември 2024•Ажурирај: 25 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Бангладеш денес побара од Индија екстрадиција на соборената премиерка Шеик Хасина во Дака, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
„Пративме вербална нота до индиската Влада во која се наведува дека Владата на Бангладеш сака таа (Хасина) да се врати овде за судскиот процес“, изјави советникот за надворешни работи на Бангладеш, Тухид Хосеин, за новинарите во Дака, објави новинската агенција Бангладеш Сангбад Сангста (БСС).
Хасина побегна во Индија на 5 август по народниот бунт против злосторствата и угнетувањето за време на нејзиното 14-годишно владеење.
Над 700 луѓе, главно млади, беа убиени за време на бунтот предводен од студентите.
Договор за екстрадиција меѓу Дака и Њу Делхи веќе постои, истакна советникот за внатрешни работи, (пензионираниот) генерал-полковник Џахангир Алам Чоудури.
„Имаме договор за размена на затвореници со Индија. Тоа ќе биде спроведено во рамките на тој договор“, изјави Чоудури за новинарите во Дака.
Нобеловецот Мухамед Јунус е на чело на преодната Влада по соборувањето на Хасина.