Dildar Baykan Atalay
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор во кој се осврнаа на тензиите меѓу Русија и Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Белата куќа соопштено е дека Бајден и Макрон во телефонскиот разговор дискутирале за континуираното масовно натрупување на војници од Русија на украинската граница.
Двајцата лидери, изразувајќи ја уште еднаш својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, разговараа за подготовките за тешки економски санкции што треба да ѝ се воведат на Русија во случај на натамошна инвазија на Украина и за меѓусебната дипломатска координација.
Меѓу другото, Бајден и Макрон се согласија дека нивните тимови треба да останат во близок контакт и во овој процес да ги вклучат партнерите од НАТО и Европската Унија (ЕУ), со цел да се заземе координиран и сеопфатен став за ова прашање.