Ata Ufuk Şeker
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот премиер Александар Де Кро денес предупреди дека Европа може да се соочи со „воена економија“ доколку Европската унија не започне да ја решава енергетската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за локалната телевизиска станица ВРТ, Де Кро истакна дека оваа ситуација не е одржлива.
Критикувајќи ги бавните чекори на Европската комисија по ова прашање, тој рече дека Белгија нема да дозволи компаниите да банкротираат или илјадници луѓе да излезат на улица поради сметките за електрична енергија.
„Оваа криза е многу повеќе од енергија, се работи за стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Доколку Европската комисија не интервенира, постои ризик од влегување во вистинска воена економија“, предупреди премиерот на Белгија.
Нагласувајќи ја важноста од воведување горна граница на цената на природниот гас, Де Кро рече дека ова прашање треба да се реши и на европско ниво.
Премиерот на Белгија Де Кро минатиот месец предупреди дека следните пет или десет зими ќе бидат тешки поради зголемувањето на цените на енергенсите.