Diyar Güldoğan
24 Септември 2026•Ажурирано: 24 Септември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече ека Анкара и понатаму е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ за да помогне во постигнувањето траен мир во војната меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.
Ердоган се сретна со својот украински колега Владимир Зеленски во Турската куќа, односно „Туркеви“, на маргините на 81. сесија на Генералното собрание на ОН.
Двајцата лидери разговараа за билатералните односи, војната меѓу Русија и Украина и регионалните случувања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција.
„За време на средбата, претседателот Ердоган истакна дека Турција секогаш е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ за да се обезбеди војната меѓу Украина и Русија да заврши со траен мир и дека ќе продолжат напорите за повторно активирање на директните преговори“, се наведува во соопштението на Дирекцијата.
Ердоган исто така ја нагласи потребата од преземање чекори за осигурувањето безбедна пловидба низ Црното Море, истакнувајќи дека нема оправдување за нападите врз трговски бродови.
Турскиот претседател му порача на Зеленски дека Турција очекува одговорно однесување од инволвираните страни.
Ердоган истакна дека Анкара ќе продолжи со напорите за зајакнување на односите со Украина, нагласувајќи дека зголемената соработка во области како енергетиката, рударството и одбранбената индустрија би била од корист за двете земји.