Elena Teslova
13 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Вооружените сили на Белорусија денес започнаа ненајавени вежби за проверка на борбената готовност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана соопшти дека комплексните воени вежби се изведуваат по наредба на претседателот Александар Лукашенко.
„Воените сили ќе треба што поскоро да се префрлат во одредени области, да извршуваат инженерски задачи, да организираат безбедност и одбрана, како и да ги завршат мостовите на реките Неман и Березина“, се наведува во соопштението.
Се додава дека поради движење на воена опрема и персонал, сообраќајот ќе биде привремено ограничен на одредени јавни патишта.
Белорусија е близок сојузник на Русија и ѝ помогна во тековната офанзива против Украина.