Ahmet Gürhan Kartal
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
ЛОНДОН (АА) - Борис Џонсон е избран за нов премиер на Велика Британија, како и за нов лидер на Конзервативната партија, победувајќи го неговиот ривал Џереми Хант, јавува Anadolu Agency (АА).
Џонсон обезбеди 92.153 гласови од членовите на Конзервативната партија, победувајќи го неговиот ривал Хант, кој освои 46.656 гласови.
Контроверзниот поранешен секретар за надворешни работи се соочи со одреден број ривали, меѓу кои и секретарот за внатрешни работи, Саџид Џавид, секретарот за животна средина, Мајкл Гоув, поранешниот државен секретар за труд и пензии, Естер Мекви, и поранешниот лидер на Долниот дом, Андреа Лидсом.
Околу 160.000 членови на Конзервативната партија вчера гласаа за нов премиер на Велика Британија, завршувајќи го седумнеделниот натпревар меѓу Џонсон и Хант.
Сепак, новиот премиер ќе се соочи со тешка борба за пронаоѓање решение за националната криза предизвикана од Брегзит. Со неверојатно тенко мнозинство во Парламентот, на новиот лидер на ториевците ќе му биде неверојатно тешко да донесе закон, а камоли нов договор за Брегзит, кој ќе ги привлече сите опозициски партии, вклучувајќи ја и Лабуристичката.
Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија на 31 октомври.