Hamdi Yıldız
18 Мај 2026•Ажурирај: 18 Мај 2026
Како последица на воените дејствија на израелските сили што траат од октомври 2023 година, бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа достигна 72.769 лица, јавува Анадолу.
И покрај договорот за прекин на огнот, израелската Армија продолжува со воените операции во Појасот Газа.
Министерството за здравство во Газа, преку писмено соопштение, ги објави најновите официјални податоци во врска со билансот на жртвите од израелските напади што започнаа во октомври 2023 година.
Во изминатите 24 часа, во болниците во Газа биле регистрирани 6 убиени и 40 повредени лица, се наведува во соопштението.
Се наведува дека од 10 октомври 2025 година, кога официјално стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа, во израелските напади убиени биле 877 лица, 2.602 се повредени, додека од урнатините биле извлечени 776 безживотни тела.
Со ова, вкупниот биланс на жртви од почетокот на воената офанзива на Израел врз Појасот Газа во октомври 2023 година се искачи на 72.769, додека бројот на повредени лица достигна 172.704.
Се верува дека илјадници жртви уште се наоѓаат под урнатините во Појасот.