Merve Berker
26 Јуни 2026•Ажурирано: 26 Јуни 2026
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 589, а повредени се 2.980 лица, соопшти вршителката на функцијата претседател Делси Родригес, јавува Анадолу.
„Ќе ги спасиме оние кои се заробени под урнатините. Работиме без престан за тоа“, изјави таа.
Родригес истакна дека државата Ла Гуаира е најтешко погодена и додаде дека безбедносните сили се распоредени за да се забрзаат спасувачките операции и да се обезбеди дистрибуција на храна и вода.
Геолошкиот завод на САД (УСГС) соопшти дека во средата во Венецуела се случиле два земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, со разлика од 39 секунди.
Прво бил регистриран земјотрес од 7,2 степени кај Сан Фелипе, а по само 39 секунди следувал главен земјотрес од 7,5 степени југоисточно од Јумаре.
Спасувачките операции продолжуваат низ целата земја, а властите стравуваат дека бројот на жртви и повредени може дополнително да се зголеми.