Hasan Esen
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија им препорача на своите граѓани да ја напуштат Кина поради епидемијата на новиот тип коронавирус кој предизвика смрт кај над 420 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на британската дипломатија, Доминик Рааб, истакна дека безбедноста на британскиот народ секогаш е нивен првичен приоритет.
„Затоа, на британските граѓани им препорачуваме, ако е можно да ја напуштат Кина, со цел максимално намалување на ризикот од овој вирус“, рече Рааб.
Тој нагласи дека ќе продолжат да работат 24 часа со цел да им овозможат на британските граѓани да бидат евакуирани од оваа земја.