Atila Altuntaş
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
СТОКХОЛН (АА) - Во вчерашниот вооружен напад во трговскиот центар на островот Амагер, во данскиот град Копенхаген, загинаа три лица, а четири се тешко повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на полицијата во Копенхаген, Сорен Томас, соопшти дека во вооружениот напад загинале три лица, а четири се тешко повредени, меѓу кои се и двајца државјани на Шведска.
Томас додаде дека неколку лица се полесно повредени.
Потсети дека осомничениот за напад е брзо фатен и дека не станува збор за терористички напад.
Очевидецот со турско потекло кој живее во Данска, Џихат Коркмаз во изјава за АА кажа дека прво одекнале повремени звуци на оружје и дека веднаш не сфатиле дека станува збор за напад.
Набргу потоа, кажа Коркмаз, напаѓачот се нашол пред нив.
„Напаѓачот беше црвенокос Данец. Не пукаше во девојките кои доаѓаа поради концертот. Пукаше во странци и муслимани“, тврди Коркмаз.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, упати сочувство до семејствата на настраданите.
„Ги повикувам Данците во овие тешки времиња да бидат заедно и да пружат поддршка едни на други“, наведе во пораката.
Вчера се случи вооружен напад во трговскиот центар „Филдс“ во Копенхаген, а набргу потоа е фатен 22-годишниот напаѓач од данско потекло.