Mohammed Majed
27 Октомври 2023•Ажурирај: 28 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 7.326, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Ешраф ал-Кудра, портпаролот на Министерството, на прес-конференција изјави: „Бројот на загинати од израелската агресија врз Појасот Газа достигна 7.326, од кои 3.038 се деца, 1.726 жени и 414 постари лица. Од 7 октомври повредени се и 18.484 граѓани.“
Тој истакна дека „израелската окупација изврши 41 масакр во изминатите часови, при што животот го загубија 298 лица, од кои повеќето се раселени во јужниот дел на Појасот Газа, за кој израелската окупација тврди дека е безбеден“.

Тој исто така го обвини Израел дека „намерно извршил 772 масакри врз семејства“.
„Добивме пријави за 1.700 исчезнати лица, од кои 940 деца сѐ уште се под урнатините“, соопшти портпаролот.
Понатаму, тој истакна дека во израелските напади загинале 104 медицински лица, а 25 амбулантни возила се вон функција.
„Израелската окупација намерно целеше кон 57 здравствени установи и ја онеспособи работата на 12 болници и 32 центри за примарна здравствена заштита, како резултат на нападите или недостигот на гориво чиј влез [во енклавата] не го дозволува“, рече Ал-Кудра.