Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
БАБ (АА) - Според првичните информации, во ракетниот напад што терористичката организација ЈПГ/ПКК го изврши врз центарот на Баб во северна Сирија, животот го загубија 9 цивили, а 30 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кои се наоѓаат во регионот Шеале, западно од зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, го нападнаа центарот на областа Баб со повеќе ракетни фрлачи.
Ракетите го погодиле маалото Ваки, каде што живеат цивили, централната раскрсница, околината на болницата во Баб и улицата каде што има слаткарници.
Според првичните информации, 9 цивили ги загубиле животите, а 30 се повредени во терористичкиот напад извршен додека цивилите купувале по продавниците.
Повредените биле префрлени во здравствените домови, а исто така, упатени се итни повици за давање крв.
Во нападот, исто така е причинета и голема материјална штета.
Областа Баб беше ослободена од терористи во февруари 2017 година со операцијата „Штитот на Еуфрат“ што ја спроведе Турција.