Riyaz Khaliq Khaliq
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Високи дипломатски претставници на Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) денеска изразија сериозна загриженост поради ракетните тестови извршени од Северна Кореја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сојузниците се согласија дека таквите активности претставуваат закана за мирот и стабилноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница“, се вели во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу јапонскиот министер за надворешни работи, Хајаши Јошимасе и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Двајцата високи претставници „се договорија да ја продолжат блиската координација меѓу Јапонија и САД, како и меѓу Јапонија, САД и Јужна Кореја, во насока на целосна денуклеаризација на Северна Кореја во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН“.
Северна Кореја досега потврди седум ракетни тестирања оваа година, вклучително и тестирање на новоразвиена хиперсонична ракета.
Пјонгјанг предупреди дека ќе продолжи да развива силни боеви глави за различни мисии додека ги интензивира тестовите за да ја зајакне својата одбрана против, како што тврди, непријателството на САД.
Високите претставници се согласија дека во светло на сѐ потензичната регионална средина, од клучно значење е да се зајакнат способностите за одвраќање и одговор на јапонско-американскиот сојуз и да се продолжи блиската координација меѓу Јапонија и САД.
Северна Кореја најави започнување на „сите привремено суспендирани“ одбранбени активности, повикувајќи на самонаметнатиот мораториум од 2017 година за тестирање на нуклеарно оружје и ракети со долг дострел.
Блинкен на Твитер објави дека ја дели загриженоста поради севернокорејските ракетни тестови спротивни на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
„Ние сме посветени на трилатерална работа со Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, додаде тој.
Осврнувајќи се на воените тензии меѓу Русија и Украина, Јошимаса и Блинкен ја повторија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев.
Јапонија и САД „продолжуваат со голема загриженост да го следат концентрирањето на руски војници во областите во близина на границата со Украина“.