Cüneyt Karadağ
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција во близина на Минхен извршила претрес во куќата на Алишер Усманов, руски милијардер роден во Узбекистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германските медиуми, базирајќи се на Обвинителството во Франкфурт, објавија дека 250 полицајци извршиле претреси во три резиденции и еден магацин во областа Ротах-Егерн, во близина на Минхен.
Се нагласува дека целта на претресите е да се пронајдат докази поврзани со претходни тајни истраги спроведени против Усманов под сомнение за прекршување на Законот за надворешна трговија и плаќања, перење пари и даночно затајување.
Се потсетува дека по војната на Русија против Украина, Усманов се најде на листата на санкции на Европската Унија (ЕУ).
Весникот „Шпигел“ наведе дека главната цел на рацијата била да се најдат докази за Усманов за даночно затајување од околу 555 милиони евра во периодот од 2014-2022 година.
Германските власти во април ја запленија 156-метарската јахта на Усманов, за кого се тврди дека живее во Узбекистан.