Oktaj Omeragikj
15 Ноември 2025•Ажурирај: 16 Ноември 2025
БЕРЛИН (АА) - Глобален климатски штрајк се одржа во Берлин, главниот град на Германија, во петок, а учесниците повикаа на посилни и поитни мерки против климатската криза, известува Анадолу.
Активистите организираа демонстрации за да покажат солидарност со климатските активисти ширум светот за време на тековната конференција за климата КОП30 што се одржува во Бразил.
Научниците предупредуваат дека на глобалната заедница ѝ истекува времето, бидејќи емисиите продолжуваат да растат една деценија откако Парискиот договор вети дека ќе го обедини светот околу ограничувањето на глобалното затоплување од 1,5°C.
Самитот на ОН за климата, што се одржува во срцето на Амазон, има за цел да ги претвори еднодецениските ветувањата во мерливи акции.
Сепак, дури и додека трае самитот, емисиите продолжуваат да се зголемуваат, а светскиот буџет за јаглерод потребен за исполнување на ограничувањето од 1,5°C е речиси потрошен.