Lina Altawell
01 Мај 2026•Ажурирај: 01 Мај 2026
Ариепископот Атала Хана, поглаварот на Грчката православна црква во Ерусалим, денес го осуди нападот на израелскиот окупатор врз калуѓерка во градот, предупредувајќи дека ваквите инциденти одразуваат растечка загриженост за иднината на христијанското присуство во Светата земја, пренесува Анадолу.
Хана на Фејсбук напиша дека „нападот врз калуѓерка во градот Ерусалим доаѓа во време на ескалација на нападите кон христијанските институции во градот“.
Тој додаде дека „ова одразува растечка загриженост за иднината на историското христијанско присуство во Светата земја“.
Во објавата, придружена со видео, тој предупреди дека ваквите напади „веќе не се изолирани инциденти, туку дел од повторувачки модел што го загрозува христијанското присуство“, повикувајќи на меѓународна акција за нивно запирање.
Калуѓерка беше повредена во вторникот во напад извршен од израелски окупатор во окупираниот Источен Ерусалим и беше однесена во болница на лекување, на што сведочеше видео од инцидентот.
Порталот „Тајмс оф Израел“ соопшти дека калуѓерката работи во Француското библиско и археолошко училиште, без да даде дополнителни детали за нејзиниот идентитет или националност.
Стотици свештеници и калуѓерки од целиот свет служат во црквите и религиозните институции во окупираниот Источен Ерусалим.
Во последните години е забележан пораст на нападите од страна на Израелците врз христијанското и муслиманското свештенство и религиозните места во Ерусалим.
Црквите во Ерусалим постојано ги повикуваат израелските власти да дејствуваат решително за да ги спречат ваквите напади.