Tarek Chouiref
01 Септември 2026•Ажурирано: 01 Септември 2026
Данска вчера повторно ја отвори својата Амбасада во Дамаск по 14 години, при што министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен најави дополнителни 76 милиони долари за поддршка на обновата и стабилноста на Сирија, јавува Анадолу.
Расмусен присуствуваше на церемонијата за повторното отворање заедно со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани, јави официјалната новинска агенција САНА.
Ал-Шаибани го оцени потегот како „ново поглавје“ во сириско-данските односи и изрази надеж дека тој ќе поттикне поширок европски ангажман и инвестиции во Сирија.
Расмусен изјави дека средствата ќе бидат наменети за рана обнова, стабилизација и враќање на бегалците.
Тој додаде дека Сиријците кои нашле засолниште во Данска би можеле да придонесат со своите вештини и искуство во обновата на својата земја при нивното враќање дома.
Расмусен подоцна се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Народната палата во Дамаск.
Од сириското Претседателство соопштија дека разговорите биле фокусирани на зајакнување на билатералните односи и соработката во обновата и реконструкцијата, како и на напорите за поддршка на стабилноста во земјата.