Elena Trenchevska Chekovic
21 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Торнадо погоди неколку гратчиња во регионот Вал-д’Оаз во близина на Париз, при што едно лице го загуби животот, а четири лица се сериозно повредени, јавува Анадолу.
Торнадото погоди и градилиште во гратчето Ермон, каде што се урнаа три крана, а откорнати беа и неколку дрвја, соопштија локалните власти.
Службите за итни случаи брзо реагираа со спасувачки операции и ја обезбедија областа.