Ekipa
26 Септември 2024•Ажурирај: 27 Септември 2024
АЛМАТИ (АА) - Езерото Исик Кул во Казахстан со своите природни убавини го привлекува вниманието на посетителите во сите сезони од годината, јавува Анадолу.
Езерото и неговата околина се една од најмаркантните туристички дестинации во земјата, а со цел посетителите подобро да го „впијат“ секој дел од прекрасниот предел се организираат тури со водичи низ езерото и неговата околина.
Езерото Исик Кул се наоѓа во државниот национален Парк на природата Иле-Алатау (Аладаг), на 1.756 метри надморска височина. Околу езерото, опкружено со шума, карпи и алпски ливади, расте секаков вид вегетација, а меѓу ендемските растенија покарактеристични се златниот адонис и казахстанската смрека.
Хостелите и хотелите во подрачјето работат во текот на целата година, а на љубителите на планинарењето на располагање им се патеки за пешачење, но и локации за качување по карпите.
Особено наесен, вегетацијата околу езерото создава слики како од разгледници, со сите нијанси на жолта и портокалова боја.