Ruslan Rehimov
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
БАКУ (АА) - Ерменската Армија го прекрши примирјето на границата со Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Државната гранична служба на Азербејџан се наведува дека околу 05:00 часот по локално време единиците на Армијата на Ерменија од селото Долно Ескипара во областа Газах, која е под нивна окупација, отвориле оган врз азербејџанските војници.
Исто така, во соопштението се додава дека ерменските единици со митралези најмалку 20 пати пукале врз азербејџанските војници.