Ahmed Asmar
05 Март 2025•Ажурирај: 05 Март 2025
АНКАРА (АА) - Ејал Замир денес ја презеде должноста нов началник на израелската армија, наследувајќи го Херзи Халеви, кој беше на чело на војската за време на нејзината геноцидна војна во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Во обраќањето на церемонијата одржана во седиштето на Министерството за одбрана во Тел Авив, Замир се заложи дека ќе ја води армијата „до победа“.
„Задачата што ја добивам денес е јасна: Водење на ИДФ (армијата) до победа“, рече тој, ветувајќи дека ќе ги врати израелските заробеници од Газа.
„Нашата морална должност е јасна; враќање на сите дома, на кој било можен начин и колку што е можно побрзо“, рече тој.
На церемонијата присуствуваа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Централната команда на американската армија Мајкл Курила.
Израел смета дека во Газа се држат уште 59, а најмалку 20 од нив се живи и се очекува да бидат ослободени во втората фаза од прекинот на огнот, во која ќе се бара од Израел целосно повлекување на нејзините сили од Газа и траен прекин на војната.
Од своја страна, началникот на армијата во заминување Херци Халеви рече дека ја сноси одговорноста за неуспехот да се спротивстави на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој го повтори својот апел за формирање истражна комисија за нападот.
Над 48.400 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а повеќе од 111.000 се повредени во бруталната израелска војна во Газа што започна од октомври 2023 година. Офанзивата, која ја остави енклавата во урнатини, е прекината според договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила на 19 јануари.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.