Asiye Latife Yılmaz
05 Март 2025•Ажурирај: 07 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Вулканот Килауеа на Хаваи, еден од најактивните вулкани во светот, повторно еруптираше, соопшти Хавајската опсерваторија за вулкани, пренесува Анадолу.
Дванаесеттата епизода од тековната ерупција од декември започна во 7:30 часот по локално време со мали, повремени текови на лава и од јужниот и од северниот конус, соопшти Опсерваторијата.
До 14 часот по локално време ерупцијата ескалираше до континуирани фонтани од лава, достигнувајќи височина од 45 до 60 метри.
Од ерупцијата не е загрозена ниту една населена област.
Килауеа, најмлад и најактивен вулкан на островот Хаваи, еруптира речиси континуирано од 1983 година. Се смета за еден од најдинамичните и највнимателно следени вулкани во светот.