Adem Şalvarcıoğlu
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени, според Рихтер, го погоди индонезискиот остров Ломбок, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 7 километри.
Земјотресот, кој повеќе е почувствуван во источниот дел на островот, предизвика свлечишта во некои места.
Не е издаден аларм за цунами.
И пред две недели, исто така, на островот Ломбок се случи земјотрес, со јачина од 7 степени, при што животот го загубија над 460 лица.