Elena Teslova
29 Јули 2026•Ажурирано: 29 Јули 2026
Извршен директор на руска компанија за развој на дронови е хоспитализиран денес по наводен обид за атентат во градот Тула, 190 километри јужно од Москва, објавија руските медиуми, пренесува Анадолу.
Според медиумот специјализиран за криминални инциденти aMash, неидентификуван напаѓач го застрелал Андреј Черезов, директор на компанијата, трипати откако го чекал на скалите во зградата.
Напаѓачот избегал од местото на настанот и по него трагаат органите на прогонот.
Засега нема достапни официјални информации за состојбата на Черезов.