Lina Altawell
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
Израелските сили утрово извршија рација во градот Рамала во централниот дел на Западниот Брег и упаднаа во канцеларијата на катарската телевизија „Ал Џезира“, јавува Анадолу.
Израелските воени сили влегле во центарот на Рамала и извршиле рација во канцеларијата на „Ал Џезира“, на плоштадот Манара, изјавија очевидци за Анадолу.
Очевидците додадоа дека израелските сили поставиле наредба со која се обновува одлуката за затворање на канцеларијата и фрлале солзавец и шок-бомби во околината на плоштадот.
Тие, исто така, ги засилиле воените мерки на северните влезови на Рамала и ги затвориле главните сообраќајници на неколку часа, што предизвикало сообраќаен метеж и го попречило движењето на Палестинците.
На 5 мај 2024 година израелската Влада ја одобри одлуката за затворање на канцелариите на „Ал Џезира“ во времетраење од 45 дена, врз основа на предлогот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за комуникации Шломо Кархи.
Наредбата подоцна е неколкупати продолжена.
Окупираниот Западен Брег е изложен на израелски воени рации и напади од октомври 2023 година. Според официјалните палестински податоци, досега најмалку 1.154 Палестинци се загинати, околу 11.750 се повредени, додека бројот на приведени достигна речиси 22.000.