Emel Öz
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од ерупцијата на вулканот Семеру во индонезиската источна покраина Јава се искачи на 14, јавуваат локалните медиуми, кои исто така објавија дека вулканот продолжил да исфрла лава и густ чад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите за спасување беа принудени да ги прекинат своите активности поради неповолните услови предизвикани од повторната ерупција, објавија медиумите цитирајќи ги локалните власти.
Опсерваторијата за вулканот Семеру издаде предупредување до жителите во околните области, барајќи од нив да си заминат.
Националната агенција за катастрофи на Индонезија соопшти дека најмалку 27 лица сѐ уште се водат како исчезнати, додека десетици се повредени.
Планината Семеру, што се наоѓа на 3.676 метри надморска височина, претходно еруптираше во декември 2020 година и јануари оваа година.
Индонезија, дом на архипелагот на речиси 275 милиони луѓе, се наоѓа покрај пацифичкиот „Огнен прстен“, област со неколку раседни линии, што ја прави подложна на чести вулкански активности и земјотреси.