Haydar Karaalp
04 Јануари 2024•Ажурирај: 05 Јануари 2024
БАГДАД (АА) - Најмалку четворица борци загинаа, а шестмина се ранети денес во напад со беспилотно летало врз седиштето на милицијата во источен Багдад поддржана од Иран, соопштија полициски и безбедносни извори, јавува Анадолу.
Меѓу жртвите е и Абу Таква ал-Саади, локален командант на милицијата Ал-Нуџабаа, како и еден од неговите помошници.
Очевидци и полициски извори рекоа дека најмалку две ракети погодиле зграда што ја користи ирачката милиција Ал-Нуџабаа, која е поврзана со Силите за народна мобилизација (Хашд ал-Шаби) блиски со Иран.
Обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави за нападот, портпаролот на ирачката милициј и двајца команданти се заканија со одмазда.
„Ќе возвратиме и ќе ги натераме Американците да зажалат што ја извршија оваа агресија“, предупреди командантот Абу Акил ал-Мусави.
Локалните медиуми пренесуваат дека одделот за логистика Хашд ал-Шаби во Багдад е погоден во воздушен напад, во кој има жртви.
Ирачките безбедносни сили се распоредени во тоа подрачје, а на местото на настанот пристигна и безбедносен тим за првична истрага, соопштија два безбедносни извора.
Засега од Вашингтон нема коментар за нападот.