Haydar Karaalp
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
БАГДАД
Ирачката Влада соопшти дека нема ниту еден загинат од ирачките сили во нападот на Иран врз американските бази во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Мрежата за безбедносни медиуми на ирачката Влада се нагласува: „Ирачката територија беше подложена на 22 ракетни напади во периодот од 01:45 до 02:15 часот. 17 од ракетите паднаа во американската воздухопловната база „Ајн ел Асад“, 5 во Ербил (американска база).“
Во соопштението се истакнува дека сите проектили паднале во седиштето на коалиционите сили (САД) и дека меѓу ирачките сили нема загинати или повредени војници.