İdiris Okuduci
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Премиерот на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, Месрур Барзани, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, при што разговараа за ракетниот напад на Иран врз позициите на САД во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Барзани тоа го потврди преку Твитер, каде што напиша дека во телефонскиот разговор со Помпео се осврнале на последните случувања во Ирак, и дека дал предлози за намалување на тензиите во врска со моменталната состојба.
Од друга страна, во соопштението на Министерството за надворешни работи на САД се наведува дека Помпео го информирал Барзани во врска со нападите на Иран врз воените бази во Ирак, вклучувајќи го и Ербил, како и за последните случувања.
Во ова соопштение се вели дека Месрур истакнал оти треба да се биде во близок контакт поради настаните што се случија.