Mustafa Melih Ahıshalı
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Иранскиот лидер, Али Хаменеи, во однос на нападите врз американските бази во Ирак рече: „Ова не е доволно. Присуството на САД во овој регион мора да заврши“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, Хаменеи во својот говор во Техеран истакнал: „Синоќа добија шлаканица, но тоа не е доволно. Присуството на САД во овој регион треба да заврши.“
Во својот говор, Хаменеи го пофалил генералот Касим Сулејмани, кој беше убиен од страна на САД во Багдад.
„Должност на народот е да го знае вистинскиот непријател. САД, ционистите и светскиот империјализам се непријатели на Иран. Ја поздравуваме одлуката на ирачкото Собрание да ги протера САД од Ирак“, нагласи Хаменеи.
Хаменеи во ноември истакна дека настаните по зголемувањето на цената на бензинот се план на непријателите и дека треба да бидат претпазливи кон ваквите иницијативи.