Muhammet Kurşun
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Касем Биниаз, челникот на Центарот за информации и комуникации при иранското Министерство за патишта и урбанизам, ги негираше тврдењата дека бил соборен авионот на украинската авиокомпанија, кој падна во Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Биниаз изјави дека авионот „Boeing 737“ на „Украина ерлајнс“ се урнал поради пожар што избувнал во моторот, јави новинската агенција ИРНА (IRNA).
Тој ги негираше тврдењата дека патничкиот авион е соборен во тек на ракетниот напад.
„Да беше погоден со ракета, ќе експлодираше во воздух, но до несреќата дојде бидејќи се запали моторот, а пилотот не успеал да воспостави контрола“, рече Биниаз.
Шефот на Агенцијата за итна помош, Пир Хусеин Куливанд, информираше дека во авионот се наоѓале 147 државјани на Иран, додека останатите жртви се државјани од други земји. Претходно беше соопштено дека во авионот се наоѓале 176 лица, од кои 167 патници и 9 членови на екипажот.
Шефот на Агенцијата за управување со катастрофи во Техеран, Мансур Дараџати, изјави дека е пронајдена црната кутија и дека им е предадена на припадниците на безбедносните сили.