Aida Cako
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку преминот во Рафа поради постојаниот недостиг на храна, вода и медицински материјали во опколената енклава, јавува Анадолу.
Камионите, кои минуваат низ преминот Карам Абу Салем (Керем Шалом), носат пакети со храна и основни потреби, како што е брашно.
Конвоите со хуманитарна помош се движат низ повеќе премини, вклучително и Керем Шалом и Кисуфим, за да им помогнат на жртвите од двегодишната израелска војна во Газа.
Според Министерството за здравство на Газа, во израелската геноцидна војна се убиени над 68.000 луѓе, а повеќе од 170.000 се повредени од октомври 2023 година.
Договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Хамас и Израел, постигнат преку регионално и меѓународно посредништво, стапи на сила на 10 октомври.