Tuğrul Çam
31 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Канада ги негираше тврдењата дека водачот на терористичката организација ЈПГ/ПКК е поканет во Канада за да добие награда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на Канада во Анкара ги негираше информациите дека водачот на терористите, Ферхат Абди Шахин, познат под кодното име „Мазлум Кобани“, ќе биде поканет да дојде во Канада и дека Министерството за одбрана на Канада ќе му ја додели наградата „фер воин“.
Официјалните претставници на Амбасадата соопштија дека ваквите вести не ја отсликуваат вистината.
Фехрат Авди Шахин, чие кодно име е Мазлум Кобани, е еден од водачите на терористичката група ЈПГ/ПКК, терорист за кој има распишано црвена потерница и по кого трага и Итерпол.