Meiramgul Kussainova
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба истакна дека НАТО нема да го промени својот став за членството на Украина во блиска иднина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба во изјавата за украински информативен веб сајт рече дека во моментов не гледа никакви предуслови НАТО да ја промени својата политика во однос на членството на Украина.
Истакнувајќи дека Украина ќе продолжи да биде на патот на евроатлантската интеграција, Кулеба рече: „Но, на краток рок не го гледам потенцијалот на НАТО да го промени својот став како Европската Унија и да почне да прави конкретни работи за да обезбеди Украина да влезе во Алијансата.“
Посочувајќи дека НАТО има донесена неофицијална одлука за Украина, Кулеба рече: „НАТО како сојуз ќе игра споредни улоги за Русија да не го користи аргументот дека е во војна со НАТО. Сега, ги преуредија пакетите за помош, но стратешки е одлучено НАТО да не биде на чело во поддршката на Украина.“
Кулеба додаде дека мора да се направи многу силна разлика меѓу помошта од САД и помошта од НАТО.