Burç Eruygur
14 Декември 2022•Ажурирај: 14 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот премиер Денис Шмихал за време на средбата во Париз разговараа за натамошната воена и финансиска поддршка за Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Разговаравме за дополнителни испораки на модерни системи за противвоздушна одбрана за заштита на нашето небо, за финансиска поддршка на Украина од ЕУ и Франција, за обновување на енергетскиот систем на Украина и за набавка на опрема што ни е потребна за брзи поправки“, рече Шмихал во изјава за Телеграм.
„Беше разговарано и за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ и потребата од демилитаризација на регионот што е можно поскоро“, додаде тој.
Шмихал му се заблагодари на Макрон што беше домаќин на собирањето средства од кои Украина добила 1 милијарда евра.
„Француската Влада и францускиот народ остануваат наши сигурни сојузници во борбата за слобода и независност на Украина“, рече тој.