Abdullah Aşıran
19 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
ДЕН ХАГ (AA) – Претставниците на Велика Британија се победници на натпреварувањето организирано во рамките на 39. Фестивал на огнометот одржан во Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
Организатор на повеќедневниот фестивал одржан на брегот на Ден Хаг е Фондацијата „Шевенинген“, а меѓу земјите учесници беа Холандија, Австрија, Кина, Велика Британија, Јапонија, Белгија, Германија и Шпанија.
Со одлуката на жирито, второто место им припадна на Шпанците, а третото на Кинезите, кои ја импресионираа публиката со своите огномети.
На натпреварувањето минатата година првото место го освоија Шпанците.
Овој фестивал, кој е еден од најголемите од овој вид во Европа, секоја година го посетуваат неколку стотици илјади луѓе.