Adem Şalvarcıoğlu
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 8,2 степени, според Рихтер, се случи на отворени води кај Фиџи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е 280 километри источно од островот Ндои, на длабочина од 560 километри.
По земјотресот се случија мали цунамија во морето, но немаше опасност од нив.
Нема жртви или повредени во земјотресот.