Ekip
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Иран, бригадниот генерал Емир Хатеми, истакна дека со Турција имаат добрососедски односи и заемни братски врски со соседните земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хатеми во изјава за иранската државна телевизија разговараше околу актуелните теми и односите меѓу соседните земји.
Истакнувајќи дека Иран има добрососедски односи со Турција, Авганистан, Азербејџан и Пакистан, Хатеми рече дека овие односи се базирани на братство и искреност.
Хатеми нагласи дека Иран има искрени чувства кон соседните земји, дека во последниот период посетил бројни соседни земји и дека во оваа насока даваат поддршка на дипломатијата и надворешната политика.