Haydar Karaalp
13 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
БАГДАД
Над 3.350 Ирачани кои беа заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска се вратени дома, објави во неделата ирачкото Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Досега вративме 3.556 луѓе во Ирак“, изјави портпаролот Ахмед ал Сахаф за локалните медиуми.
„Ирачката конзуларна служба издала вкупно 383 пасоши на луѓе кои ги изгубиле документите и се нашле на територијата на Белорусија, Литванија, Латвија или Полска“, додаде Ал Сахаф.
Поради неповолните услови за живот, голем број Ирачани под тешки услови чекаат на границата на Белорусија со земјите од ЕУ со цел да влезат во Европа, сонувајќи за подобар живот.