Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
БРАТИСЛАВА
Во основно училиште во Словачка извршен е напад со нож во кој животот го загуби едно лице, а повеќе ученици и наставници се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во градот Врутки кој се наоѓа во близина на границата со Чешка, едно лице за кое се претпоставува дека е на 22-годишна возраст, извршило напад со нож во едно основно училиште.
Според првичните проценки, во нападот животот го загубил заменик-директорот на училиштето, а двајца наставници и двајца ученици се ранети.
По нападот, осомничениот се обидел да избега од местото на настанот, но бил неутрализиран откако бил погоден од страна на полицијата.
Министерот за внатрешни работи, Роман Микулец, министерот за образование, Бранислав Грохлинг, претседателот на националниот Парламент, Борис Колар и генералниот директор за безбедност, Милан Лукански, го посетија местото на нападот.
Од друга страна, словачките медиуми објавија дека напаѓачот е еден од поранешните ученици на училиштето и бил вработен во него.