Ekip
11 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Европската комисија предложи постепено укинување на забраната за патување од 1 јули за оние кои не се европски граѓани и кои доаѓаат од земјите во кои епидемиолошката слика е иста или подобра од онаа во ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Листата со детали ќе биде објавена подоцна“, изјави Илва Јохансон, европската комесарка за внатрешни работи.
Во овој момент е сѐ уште нејасно кои земји ќе бидат на листата.
Во забраната за патување не спаѓаат граѓани на ЕУ и граѓани кои не се државјани земјите-членки на ЕУ, но кои легално живеат на територијата на Унијата.
Тоа најверојатно ќе им овозможи на граѓаните на ЕУ и на турскиот народ кои живеат во Европа да одат на одмор во Турција и да се вратат без оглед на проценката на ЕУ за епидемиолошката состојба.
Висококвалификуваните работници и студенти исто така се исклучени од забраната за патување.
Комисијата ќе работи заедно со земјите членки на ЕУ да ја формира листата на земји од кои патувањето ќе биде дозволено.
Покрај епидемиолошката ситуација, и реципроцитетот, исто така, ќе биде критериум.
Истовремено, комисијата инсистира влезот на граѓаните од земјите на Западен Балкан - Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да биде дозволен во првата рунда.
Извршниот орган на ЕУ има само мандат да предложи мерки поврзани со контролата на границите. Конечната одлука ќе ја донесат земјите членки.
Јохансон, исто така, ги повика земјите членки на ЕУ целосно да ги отворат границите меѓу државите на ЕУ од 15 јуни.