Musa Samur
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) започна гласање за избор на најдобрите забивања на натпреварите на националните тимови во последните 10 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го даде ФИБА, гласањето за најдобри забивања во последните 10 години ќе трае во периодот од 10 до 28 јуни 2020 година.
На гласањето, најдобрите забивања од Африка, Америка, Азија - Океанија и Европа првенствено ќе се натпреваруваат по конференции, пред Фајнл-фор изборот.
Гласањето завршува на 28 јуни, недела, во 2:59 по средноевропско време.
Сите зони кои ја сочинуваат ФИБА имаат 32 избора на најдобро забивање на натпреварите на национално ниво во периодот од 2010 до 2020.
Љубителите на кошарката кои својот избор можат да го направат гласајќи преку официјалната интернет-страница на ФИБА имаат можност како награда да добијат „официјална топка на ФИБА“.