Gökhan Kavak
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Етиопија 4,5 милиони цивили се погодени од судирите кои продолжуваат помеѓу безбедносните сили и припадниците на Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ), во северниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за мир на Етиопија, Муферихат Камил, даде изјава за медиумите во врска со влијанието на судирите врз цивилите во северниот дел на земјата.
Камил нагласи дека 4,5 милиони лица се негативно погодени од судирите кои продолжуваат поради нападите на припадниците на ТПЛФ.
Според Камил, покрај подрачјето на Тиграј кое е епицентар на судирите, во Амхара и Афар 500.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови. Тој рече дека се врши злосторство против цивилите.
Исто така, Камил истакна дека припадниците на ТПЛФ убиле над 200 лица, меѓу кои деца и жени, во Афар.
Тој нагласи дека Владата прогласила еднострано примирје поради хуманитарната состојба, но дека ТПФЛ не го почитува тоа.
Камил рече дека само во камповите во Амхара се засолнети 1,2 милиони лица.