Sayed Khodaiberdi Sadat
26 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
КАБУЛ (АА) - Силна експлозија одекна на подрачјето каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА јави дека одекнала многу силна експлозија.
Сè уште нема информации за причините за експлозијата, ниту дали има загинати или повредени.