Dmitri Chirciu
23 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Во еден детски камп во рускиот град Хабаровск од засега непознати причини избувна пожар во кој животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на прес-центарот при Гувернерството на Хабаровск, во детскиот камп „Холдоми“, сместен во градот Хабаровск, избувнал пожар во кој животот го загубиле 4 лица, а 10 се повредени.

Сѐ уште не е откриена причината којашто го предивикала пожарот.
Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
- Медведев: „Ваквата состојба е неприфатлива“
Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, издаде наредба да се утврди во колку кампови во Хабаровск, во шаторите се користат системи за греење и изјави „Ваквата состојба е неприфатлива.“